Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Крадци украле предмети во вредност од 300.000 денари на Средно Водно

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против две лица за кражба на Средно Водно.

На 10 ноември, обвинетите, заедно со уште едно малолетно лице, од патничко моторно возило „јагуар“, со српски регистарски ознаки, паркирано на паркинг-просторот на Средно Водно, одзеле: женска чанта „гучи“, два пара очила „гучи“, еден пар очила „миу миу“ и парични средства во износ од 1.710 денари и 2.670 српски динари. Вкупната вредност на украдените предмети изнесува 300.000 денари. Обвинетите со употреба на погоден тврд предмет го скршиле стаклото од предната совозачка врата и од предното совозачко седиште ја одзеле ташната и го напуштиле местото.

Јавниот обвинител за првиот обвинет достави предлог за определување мерка притвор, а вториот обвинет веднаш е спроведен во КПУ „Идризово“ за издржување други казни. Против малолетното лице ќе биде спроведена посебна постапка во согласност со Законот за права на децата.​

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +