22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: 200 илјади евра за новогодишно украсување, Шилегов да ги донира за лаптопи за учениците

Кога градот Скопје е најпогоден град од корона-заразата и луѓе умираат секој ден, на Шилегов му дојде до новогодишна забава, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

„Тој распиша тендер за новогодишно украсување на Скопје од цели 200 илјади евра во време кога илјадници ученици не се во можност да ја следат онлајн наставата поради недостиг на компјутерски уреди“, се додава во соопштението.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија бара прифаќање на веќе еднаш одбиената иницијатива парите за новогодишно украсување да се пренаменат за купување на лаптоп компјутери за учениците кои немаат и не ја следат квалитетно онлајн наставата.

„Доколку не ја прифати нашата иницијатива се покренува сомнеж дека Шилегов има некаков бизнис интерес од украсувањето на Скопје. Потсетување, за само неколку години се потрошени половина милион евра за новогодишни прослави“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека на Скопје му треба градоначалник, а не шминкер.