23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Притвор заради трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 29 – годишен жител на село Дуброво, Неготино, поради nеовластено протизводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес на домот и помошните простории во местото кадешто живеел на 5 ноември полицијата пронашла 39.533,4 грама марихуана. Дрогата која осомничениот ја подготвил за продажба, била спакувана во 41 пакување во најлонска фолија, залепени со бела трака и скриени на повеќе места во близина на домот на осомничениот, во помошна просторија – шупа.

Поради постоење на околности кои укажуваа дека притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, постоње на околности кои укажуваа на опасност од бегство и страв дека осомничениот ќе влијае на сведоци или пак ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд достави предлог на осомниченото лице да му биде определена мерката притвор. Судијата на претходна постапка од Основниот суд Кавадарци го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му определи притвор од 30 дена.