Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

На патот Градско – Велес откриени 10 мигранти од Авганистан

По полноќ на регионалниот пат Градско-Велес од полициски службеници од СВР Велес било забележано патничко возило „опел зафира“, со радовишки регистарски ознаки, кое на даден знак за сопирање, продолжило со движење.

По кратко време возилото застанало и во него биле пронајдени 10 лица мигранти од Авганистан, од кои пет малолетни. С.А.(24) од Арачиново, Скопско е приведен во полициска станица, а мигрантите биле задржани во Прифатниот центар Гевгелија за понатамошна постапка. Се работи на расчистување и документирање на случајот, информира МВР.

Можеби ќе ве интересира

„ПКУ Херои“ го одржа вториот камп за деца со фенилкетонурија и нивните семејства

ДЕСК

ЗИМАТА ТРОПА НА ВРАТА – Македонија ја очекуваат снег, дожд и силен ветер, температурите одат во минус

ДЕСК

РАСПРАВИЈА ЗА КРАВИ ЗАВРШИЛА СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ – Нападната 67-годишна жена во кривопаланечко

ДЕСК