1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Државата ќе подели 250 илјади плати за вработени во погодените бизниси, а други 283.000 граѓани ќе добијат парична помош од по 6.000 денари

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:

Вложуваме максимална посветеност, внимание и труд за што побезболно справување со ефектите од досега најголемата здравствено-економска криза на светско ниво, предизвикана од пандемијата на КОВИД-19.

Одржување на стабилноста на здравствениот и економскиот систем е наш приоритет.

Со усвоениот ребаланс на Буџетот за 2020 година се обезбедуваат средства за реализација на четвртиот пакет економски мерки 🗃 во износ од 470 милиони евра, за ублажување на последиците и подобрување на ликвидноста на реалниот сектор.

✅ Градиме партнерски однос со стопанството, 70 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на 83.000 работни места и субвенционирање на вкупно 250.000 плати за месеците октомври, ноември и декември во висина од 14.500 до 21.776 денари.

✅ Финансиска поддршка по 6.000 денари ќе добијат 283.000 граѓани. За оваа намена државата обезбеди 27,6 милиони евра кои повторно ќе се вратат во стопанството. На овој начин се стимулира потрошувачката на домашни производи и услуги.

✅ Се обезбедуваат и дополнителни средства за вакцини, лекови и зајакнување на здравствените капацитети. Важен е секој човечки живот и секое работно место.

✅ Поддршката по региони продолжува, со ребалансот се опфатени важни проекти на локално ниво, низ речиси сите општини.

Можеби ќе ве интересира

Сериозно голема акција на УЈП: Третина од контролираните субјекти со неправилности, затворени пет дуќани

ДЕСК

Советот на Народната банка го усвои најновиот Квартален извештај − најважните сегменти од економијата се во согласност со очекувањата

ДЕСК

Да се биде клиент на Халкбанк значи да се биде чекор напред

ДЕСК