Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Царинската управа поднесе пријава за избегнување на плаќање акциза од еден милион евра

Царинската управа вчера поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во Велес и против одговорното лице во правното лице со иницијали Б.А., поради основано сомневање дека е сторено кривично дело избегнување плаќање на акциза.

Станува збор за увезен тутун пуштен во промет без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 64.613.703 денари или повеќе од еден милион евра.

Имено, се работи за два увоза на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на правното лице од Велес во октомври 2019 година, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза.

Во координација со Основното јавно обвинителство од Велес, инспекторите од одделението за истраги при Царинската управа извршија претреси на повеќе локации во Скопје и Велес заради обезбедување докази во врска со случајот.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +