Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Реформираното стручно образование ќе обезбеди квалитетни кадри кои се барани на пазарот

Средното стручно образование треба целосно да се реформира и да се прилагоди на најновите трендови во производството, со што ќе се обезбедат стручни кадри коишто веднаш по завршувањето на образованието ќе може да одговорат на пазарот на трудот.

Ова го рече министерката за образование и наука, Мила Царовска, на дебата „Премостување на јазот кај вештините за создавање нови работни места“, организрана од УНДП и британската амбасада.

„Владата прави конкретни чекори со коишто до крајот на мандатот треба да ја поставиме рамката за средно стручно образование. Сето ова го правиме со огромна поддршка од нашите меѓународни партнери. Она на коешто забрзано се работи во овој момент е воспоставување на 3 регионални ВЕТ-центри коишто ќе служат за остручување на кадар којшто ќе биде обучен за да може ефикасно и веднаш по завршувањето на образованието да одговори на пазарот на трудот. Првите вакви центри од идната година ќе профункционираат во Охрид, Тетово и Куманово , но тенденцијата е да се отворат и во сите останати региони во државата”, рече Царовска.

Исто така, министерката нагласи дека од огромна корист во моментот е спроведувањето на дуалното образование коешто се реализира со поддршка од стопанските комори во 7 градови во државата.

Преку овој вид образование 220 ученици повеќе време поминуваат на пракса во компаниите, а помалку во училиште.

Можеби ќе ве интересира

Костадиновска-Стојчевска од Стразбур: Пост-мониторингот заврши, но потребни се уште многу тешки реформи

ДЕСК

Министерството за локална самоуправа Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка на иницијативата на АХВ за изградба на гробишта за миленици

ДЕСК

МВР: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

ДЕСК