Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ како партија е западната во длабок очај, не нуди ништо освен лажни вести

Очајно е слаб системот за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ, велат во ракција од СДСМ откако Димче Арсовски денеска изрази сомнеж дека камион што бил фатен како превезува нецаринета стока бил на близок соработник и пријател на семејството Заеви.

„Лажната вест на која се повикува ВМРО-ДПМНЕ уште вчера беше демантирана. Апсолутно е неточно дека компанијата за која зборува ВМРО-ДПМНЕ има каква било поврзаност со членови на семејството на претседателот Зоран Заев. Ниту некој ургирал, ниту, пак, ќе ургира. Тоа се едни исти пусти измислици и лаги на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во партиската реакција.

Во неа се додадава дека ВМРО-ДПМНЕ како партија е западната во длабок очај по трите последователни порази на избори.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК