Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев на Сител ТВ: Се однесуваме како сите земји-членки на ЕУ во носењето на рестриктивните мерки кои имаат резултати

„Се однесуваме исто како што се однесуваат земјите-членки на Европската Унија и нашиот регион, не одиме ние во екстреми долни или горни мерки во носењето на нашите одлуки, претпоставка е, ако се донесе карантин или полициски час тоа може само за тој период додека трае, малку да ги намали бројките ама штом се укине, пак ќе се зголемат. Денешната препорака, која што ја донесовме за неизлегување после 21:00 часот, освен во исклучителни ситуации е сериозна препорака“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во гостувањето во централниот Дневник на Телевизија „Сител“.

Премиерот Заев се осврна и на огромната заслуга што ја имаат лекарите, медицинскиот и техничкиот персонал:

„Им симнувам капа на лекарите и медицинскиот и техничкиот персонал и треба да ги наградиме за нивниот секојдневен труд. Затоа е планирано со Ребалансот на Буџетот да им се дадат две дополнителни плати“, рече Заев во централните вести на Сител ТВ.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК