Centar.mk
ЛОКАЛНО

Утре без вода делови на Гази Баба и Ѓорче Петров

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека утре поради промена на затварач Ф-125 мм., на ул. Жеглане 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и дел од корисниците од ул. Фуштанска и Дурмиторска од 9:00 часот до завршување (општина Гази Баба).

Поради поставување на мерач на проток во пумпната станица во Ново Село, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Ново Село, Даме Груев, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, с.Орман и с.Никиштани. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 до 13:00 часот (општина Ѓорче Петров).

Можеби ќе ве интересира

НИТУ ЕДНА ФИРМА НЕ СЕ ПРИЈАВИЛА – Скопскиот Планетариум чека нов тендер

ДЕСК

НАПОЛНЕТЕ ВОДА НАВРЕМЕ – Најавен прекин на водоснабдувањето во Маџари

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж, две нови училишта и противпожарна станица

ДЕСК