Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Нова понуда од А1

A1 Македонија ја надополнува својата понуда за корисниците на мобилната припејд телефонија со која бесплатно го добиваат неделниот пакет A1 Go Social за неограничено сурфање на омилените социјални мрежи.

Со секое онлајн надополнување на припејд кредит од најмалку 150 денари, A1 припејд корисниците бесплатно го добиваат неделниот пакет A1 Go Social со кој ќе можат неограничено да сурфаат на омилените социјални мрежи како што се Facebook, Instagram, TikTok, FB Messenger, Snapchat и WhatsApp, без да трошат дополнителен интернет.

Доколку корисникот во промотивниот период добил бесплатен A1 Go Social пакет и притоа направи ново онлајн надополнување пред целосно да го искористи постоечкиот пакет во рок од 7 дена, ќе му биде доделен нов бесплатен А1 Go Social пакет со важност во наредните 7 дена.

Надополнувањето е достапно преку апликацијата Мојот А1, преку веб-страницата www.A1.mk/nadopolni-kredit или преку префрлување на кредит од постпејд на припејд број. Бесплатниот пакет A1 Go Social важи од моментот на извршеното онлајн надополнување на припејд сметката и трае во наредните 7 дена.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Можеби ќе ве интересира

Нови цени на горивата – Ќе има ли поскапување?

ДЕСК

Есенската „златна жетва“: вргањ, шумската акција што носи чиста заработка

ДЕСК

Кампањата „Супер добри дела“ на Рудник САСА ги инспирираше децата од Македонска Каменица да станат еко-херои

ДЕСК