Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 515 возачи во Скопје

Полицијата вчера казнила 515 возачи во Скопје.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (3.11.2020) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 515 мерки, меѓу кои 42 за возење без возачка дозвола, 37 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 113 санкции за непрописно паркирани возила, 8 за управување под дејство на алкохол.

71 возило е подигнато со „пајак“ и изречени се 36 санкции за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +