22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

УЈП со важна информација до погодените бизниси од кризата – Вака ќе треба да се аплицира за помош за плати за октомври, ноември и декември

Владата на Република Северна Македонија во рамките на четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19 го усвои пакетот мерки кој, меѓу другото, предвидува директна финансиска поддршка на приватниот сектор и стимулирање на компаниите за враќање и задржување на работниците на работните места. Овој предлог закон е во собраниска процедура и очекуваме да биде донесен во најкраток можен рок.

Имајќи го во предвид фактот дека законот сеуште не е донесен како и краткиот рок за поднесување на барањето за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците, работодавачите кои имаат можност за исплата на платата, може истото да го сторат веднаш, а по донесувањето на законот ќе имаат можност да го поднесат барањето и да направат корекција на МПИН образецот за користење на финансиска поддршка за исплата на платите.

Барањето за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати ќе се поднесува до УЈП преку системот е-Даноци a УЈП во рок од 3 дена ќе ја провери и потврди комплетноста на барањето.

Управата за јавни приходи, го подготви системот е-Даноци за поднесување на Барање за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати и веднаш по донесувањето на законот и подзаконскиот акт, на интернет страницата, ќе го објави образецот Барање за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците ќе го постави на системот е-Даноци за непречено поднесување од страна на работодавачите.

Работодавачот со комплетно барање, за работниците за кои побарува финансиска поддршка, во полето 3.4б од месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН образец) внесува шифра 5001, а работодавачот кој може да истовремено да користи и друга мерка за субвенционирање на социјалните придонеси ја внесува соодветната шифра за ослободување и истата ја комбинира со шифрата 5001. По обработка на МПИН образецот, Управата за јавни приходи ќе го информира работодавачот-барател на финансиска поддршка за вкупниот износ на финансиската поддршка што ќе му биде исплатена за соодветниот месец.

По усвојување на законот од страна на Собранието на РСМ, Управата за јавни приходи на прес конференција подетално ќе ги образложи поединостите од Законот односно условите за користење на финансиската поддршка, начинот и роковите за исплата на финансиските средства на работодавачите, постапката на враќање на средствата, но и за казните за прекршување на законските одредби.

За сите прашања околу четвртиот сет на антикризни мерки Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните да се обратат на маилот: finansiska.poddrska@ujp.gov.mk како и на контакт лицата по регионалните дирекции

Можеби ќе ве интересира

Од денеска работодавачите може да аплицираат за финансиска помош за исплата на минимална плата

M T

УЈП со важна информација за граѓаните кои оствариле приход од закуп, подзакуп или капитална добивка

CENTAR MKD

Кој колку должи на државата за данок: УЈП објави листа со целосни имиња на фирми и граѓани кои имаат голем борч

CENTAR MKD

Државата им помага на компаниите со 14.500-21.700 денари месечно за плати на вработените – Почна аплицирањето за ноемвриската помош

CENTAR MKD

Проверете дали сте на неа – УЈП ја објави најновата листа на должници

CENTAR MKD

Државата им помага на погодените компании – За секој вработен плата од 14.500 до 21.776 денари, Лукаревска детално ги објави условите

CENTAR MKD