11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Соочен со неселективната борба против корупција и принципите на Николовски, заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство поднесе оставка

Заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Фирус Мемед си поднел оставка која веднаш била прифатена од страна на Владата, дознава нашата редакција.

Мемед, очигледно откако увидел дека борбата против корупцијата се засилува, е неселективна и важи за сите, откако на функцијата вицепремиер за борба против корупција е Љупчо Николовски решил сам да си поднесе оставка од функцијата.

Инаку, за Фирус Мемед се појавија написи со наводни докази дека бил осуден за четири кривични дела и истите наводно ги имал признаено. Кривичните дела кои ги сторил Мемед, според јавно достапните информации, наводно се примање поткуп, примање награда за противзаконито влијание две кривични дела за Несовесно работење во службата. Овие наводи и основани сомневања останува да ги потврдат надлежни институции и да ја информираат јавноста.
Откако Николовски е вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, забележливи се принципилени однесувања и неселективност на владата.

На две владиници досега по негова иницјатива се разрешуваат директори, заради отворени сомневања за сторени незаконски дејствија, најчесто по допис од Државната комисија за спречување корупција што укажува на веќе воспоставена добра соработка помеѓу овие две институции која во иднина би резултирала со нови постапувања.

За помалку од 100 дена колку што ја извшрува функцијата, Николовски покажа дека полека но сигурно завршува времето на заштитени поедници во деловите на извршната власт, без разлика на нивните функции или партиска припадност.