Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шпански државјанин обвинет за поседување дрога

Скопското обвинителство поднесе обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Обвинетиот, 35-годишен шпански државјанин со престојувалиште во Скопје, на 28 октомври, на улицата Цветан Димов во Скопје во внатрешниот лев џеб на јакната заради продажба неовластено држел едно полиетиленско пакување наркотична дрога – хероин во вкупна нето-маса од 10,39 грама и две полиетиленски пакувања наркотична дрога – кокаин во вкупна нето-маса од 0,70 грама. Дрогата била пронајдена и одземена при рутинска контрола и личен претрес на осомниченото лице.

Јавниот обвинител достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.