Очајниот губитник Мицкоски продолжува да делува антидржавно, на штета на националните интереси, велат од СДСМ во соопштението реакција на изјавата на Мицкоски:
Секогаш кога се во прашање националните интереси и иднината на државата и нејзините граѓани, Христијан Мицкоски е на спротивната страна.
Така беше и за време на реферeндумот за европската иднина, така беше и кога Северна Македонија стануваше 30-та земја членка на НАТО, така е и сега, во периодот кога процесот на интеграција во ЕУ треба да продолжи уште позасилено, преку почетокот на преговарачкиот процес со Унијата.
Јавноста многу добро памети како лично Мицкоски на Бојко Борисов јавно му кажа дека го поддржува, односно „поткрепа“ Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, додека дома го нарекуваше капитулантски.
Јавноста многу добро знае и дека Мицкоски беше единствениот кој не се израдува на членството во НАТО и дека со неговата ВМРО-ДПМНЕ правеше се, за да ги блокира реформите и да го закочи напредокот кон ЕУ додека јавно навиваа државата да не добие позитивен Извештај и да не добие датум за преговори.
Денес, Мицкоски со своите антидржавни и антиевропски ставови се обидува да ја поткопа меѓународната позиција и да ја загрози европската иднина на државата. Како што не успеа претходно, така нема да успее ниту сега.
Република Северна Македонија продолжува по вистинскиот пат, по патот на напредокот, развојот и интеграцијата, колку и тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.