Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МНР го осуди терористичкиот напад во Виена

Министерството за надворешни работи го осуди синоќешниот терористички напад во Виена.

„Силно го осудуваме синоќешниот терористички напад во Виена. Тоа е трагичен удар за еден од најбезбедните градови во Европа. Ја споделуваме болката со нашите австриски и европски пријатели. Тероризмот не признава ниту нација, ниту религија, ниту потекло, и ние строго го осудуваме овој терористички чин, без разлика од кого е сторен. Изразуваме сочувство до семејствата и граѓаните на Австрија и застануваме покрај нив во овие тешки моменти. Република Северна Македонија и како членка на НАТО и како земја кандидат за членство во Европската Унија активно придонесува кон меѓународната коалиција за борба против тероризмот од каков било вид“, се наведува во соопштението од МНР.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК