Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стојановска: Тестовите за коронавирус треба да бидат бесплатни

Македонија надмина 1.000 починати од корона, а власта бара донираните тестови народот да ги плаќа, изјави на прес-конференција Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, власта покажува апсолутна неспособност да се справува со кризата, a проблематичен е и односот кон народот.

„Замислете, министерот Филипче најавува дека донацијата со брзи тестови за коронавирусот граѓаните ќе треба да ја плаќаат од свој џеб! Бесплатните донирани тестови, граѓаните, на сета мака која ја имаат, ќе треба да ги плаќаат од свој џеб! Овие тестови, но и други кои државата мора да ги обезбеди час поскоро, треба да бидат бесплатни за народот“, децидна е Стојановска.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која предлага конкретни мерки за справување и ублажување на епидемијата, а СДСМ се однесува како опозиција и бара виновници.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК