Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Макоил порачува: До вторник не ставајте гориво – Цените на нивните бензински ќе паднат до 5,5 денари

Од вторник драстично намалување на горивата на „Макоил“ – пониски цени до 5,5 денари, најавува познатиот бренд на бензински станици.

Бензиската станица „Макоил“ на својата фејсбук страница порачува граѓаните да не полнат гориво до вторник, бидејќи следи драстично поевтинување на горивата.

„Почитувани корисници на бензинските станици на „Макоил“, од компанијата „Макоил“ ги информираат граѓаните дека од вторник ќе следува драстично намалување на цените на горивата.

Едноставно, воздржете се од точење гориво викендов, затоа што од вторник „Макоил“ ќе ги намали цените на горивата за 5 до 5,5 денари по литар.„ пишува на фејсбук страната.

Можеби ќе ве интересира

Трамп потпиша указ за нови царини од 10 проценти на глобално ниво

C +

Народната банка одбележува 80 години централнобанкарско работење во земјава

C +

ЕВН Македонија донираше модерно опремена просторија за учениците од дуално електротехничко образование во СЕТУ „Михајло Пупин“

C +