Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Стојаноска: Илјадници заразени и стотици починати ѝ требаа на власта за да предложи некомплетно законско решение

На денешната седница на собраниската комисија, на која се дискутираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, истакна дека иако состојбата е алармантна, на старо-новата Влада ѝ требале повеќе од 40 дена за да донесе некомплетно предлог-законско решение, во кој период имало илајдници заразени и стотици починати граѓани.

„Состојбата е алармантна, ќе одам хронолошки, па ќе потсетам дека старо-новата Влада се избра на 30 август оваа година, што значи дека се поминати 40 дена откако профункционира и 40 дена ѝ требаа за да поднесе ваков предлог-закон за состојба за која вие велите дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи, а ние ве чекаме да донесете едно некомплетно предлог-законско решение“, истакна пратеничката Стојаноска.

Таа вели дека конкретните амандмани се нецелосни, погрешни и небулозни.

„Бројките на 30 август во однос на новозаразени – чудно, тој ден беа паднати од претходниот од 131 новозаразен на 39 новозаразени и 4 починати, а вчера имавме 628 новозаразени и 15 починати лица, 40 дена ѝ требаа на власта, во кој период имавме илјадници новозаразени и неколку стотици починати, за тоа опозицијата во парламентот не сноси вина, затоа што 40 дена го чекавме ова законско решение, кое дојде на 8 октомври, а денеска сме 28 октомври за кое ви текна по 20 дена да поднесете амандмани на ова законско решение, кое е итно“, рече Стојаноска.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК