Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец обвинет за недозволена трговија со марихуана

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен акт за 37-годишно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 14 октомври, при претрес во домот на обвинетиот во Драчево, полицијата пронашла опојна дрога – марихуана со вкупна нето-маса од 51,61 грам, спакувана во 10 зипер-вреќички и во една најлонска кеса. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на пртетходно определената мерка притвор за обвинетото лице ценејќи дека и натаму постојат околности што укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. ​​

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СНЕГ ВО НАЈАВА: Метеоролозите објавија нова 4 дневна прогноза

ДЕСК

Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина

ДЕСК

САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија – вели СДСМ

ДЕСК