25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потфрли – секој трет тестиран во Македонија вчера имал Ковид-19

„Една третина од тестираните во текот на вчерашното деноноќие се позитивни на Ковид-19. Тоа значи дека секој трет тестиран имал Ковид-19. Филипче целосно потфрли“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, хаосот што го живееме е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Венко Филипче.

„Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал ниту, пак, набави вакцина против сезонскиот грип. Есенскиот бран на Ковид-19 го фати целосно неспремен Филипче и иако и самиот тврдеше дека наесен вирусот ќе биде појак, ништо не презеде. Лошиот менаџмент со системот придонесе Македонија да биде една од земјите на врвот во Европа според заразени на милион жители, но и починати. Ова е жално и трагично. Сè што направи Филипче е вперување на прстот за вина кон граѓаните. Граѓаните сега се виновни за неговата неспособност. Не се, Филипче, виновни граѓаните. Преземи одговорност и дај си оставка веднаш“, се вели во соопштението.