Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Николовски за Сител: Процесот на демократизација на сите нивоа во партијата продолжува, следува комбинирана постапка за избор на кандидат за градоначалник на Штип

Во однос на организирање внатрепартиски избори, СДСМ веќе има искуство со минатите локални избори за избор на кандидати во Крушево и Охрид, истакна вечерва генералниот секретар Љупчо Николовски во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија.

– Ние веќе имаме искуство со спроведување на непосредни избори за кандидати за локалните избори и тоа беше зачетокот на минатите избори во Крушево и во Охрид, членовите на СДСМ преку непосредни тајни избори избраа кандаидати, за кои сметам дека оставија силен белег во својата работа, посочи генралниот секретар Николовски.

Во однос на претстојните локални избори во Штип, тој додаде дека веќе е започната постапката за избор на кандидат за градночалник од редовите на СДСМ.

– За Штип имаме соодветна комбинирана постапка ние веќе започнавме со постапка, донесовме вчера одлуки во делот на внатрепартиската постпка за избори, но тој процес засилено ќе продолжи и за следните локални избори кои ќе бидат во 2021 година, демократизацијата на сите нивоа во партијата ќе продолжат и успешните пракси што ги имаме, заклучи Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК