23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Генералниот секретар Николовски за Сител: Измените на Статутот на СДСМ е чекор напред кон демократизација и пример за останатите партии

Промените на Статутот на СДСМ усвоени на вчерашниот 25. Конгрес се пример за другите партии во државата, но и во регионот, во поглед на начинот на функционирање, на делување, па дури и во начинот на размислување, порача вечерва генералниот секретар Љупчо Николовски во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија.

– Ова е чекор напред кон модернизирање и демократизирање на самата партија но и на државата и тоа ќе биде еден одличен пример, согласно сите норми на статутот е воведена нова целосна група или глава во самиот статут која се однесува на непосредните избори тие ќе се органзиираат преку активна регистрација на целокупното членство кое го имаме, овој период ќе го искористиме и покрај другото да имаме целосна реевиденција на членството на партијата, порача Николовски во одговор на прашање околу измените на Статутот на СДСМ.

Генералниот секретар Николовски го објасни процесот на организирање непосредни внатрепартиски избори, како и критериумите за кандидатите за претседател на партијата.

– Право на кандидирање ќе има секој член на СДСМ кој има најмалку петгодишно искуство во партијата и бил најмалку еден мандат член на Централниот одбор, истакна генералниот секретар Николовски.

Спонзорирано: