Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Комисијата за верски заедници со апел до православните верници во пресрет на празниците

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број на семејства ширум државата ги чествуваат домашните православни празници упатува АПЕЛ до истите, овие празнувања да бидат исклучиво во кругот на членовите на семејството.

Ескалирањето на состојбата со коронавирусот е пропратена со изразена локална трансмисија на вирусот, па секое непочитување на мерките за заштита од здравствените власти и секое собирање на луѓе може да биде погубно.

Секое семејство кое одбележува домашен празник да ја препознае опасноста по јавното здравје кое би ја предизвикало со повикување на гости, но и секој добронамерен кон семејството кое прославува годинава да се воздржи од физичко присуство.
Традицијата не е загрозена таа ќе опстои, но колективното здравје е во сериозна закана.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Христијан Мицкоски најави прес конференција за во 13 часот и 30 минути

ДЕСК

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: За чии интереси делува СДС, Башановиќ екс советникот на Заев и Милјан Шчекиќ ја креираат политиката и го водат ПР от на СДС

ДЕСК