Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Улиците Лазар Личеноски и Востаничка повторно отворени за сообраќај

Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на улицата Лазар Личеноски кај скопското Кале. Улицата се реконструираше на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот Никола Карев, што претставува втора фаза од обновата на оваа значајна сообраќајница.

На оваа делница се изврши реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници.

Исто така, градежните екипи деновиве ја завршија и реконструкцијата на улицата Востаничка во општината Кисела Вода, на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски.

Во изминатиот период на оваа делница долга 1.100 метри беа обновени коловозот и рабниците, а беа реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките, но беа изработени и 76 нови приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК