Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Лекар остана без германско државјанство откако одби да се ракува со жена

Германскиот суд пресуди дека лекар од Либан, муслиман кој одби да се ракува со службеничката при предавањето на потврдата, нема да добие германско државјанство. На него му е предложено да поднесе жалба до највисокиот суд.

40-годишен лекар од Либан, кој дошол во Германија во 2002 година, изјави дека од религиозни причини одбил да се ракува со жена – кога требало да добие германско државјанство.

Административниот суд во Баден-Виртемберг пресуди дека некој кој одбива да се ракува заради „фундаменталистичката концепција на културата и вредностите“ затоа што во жените гледа „опасност од сексуално искушение“ , со тоа одбил да се „интегрира на германските услови за живот“.

Либанецот студирал медицина во Германија и сега работи како лекар во клиника. Тој аплицирал за германско државјанство во 2012 година и потпишал декларација за лојалност кон германскиот Устав и против екстремизмот. Тој го поминал задолжителниот тест за општо знаење за Германија со најдобар можен резултат.

Сепак, тој не доби државјанство затоа што во 2015 година одбил да се ракува со службеничката при предавање на потврдата за германско државјанство. Заради тоа службеничката не сакала да му ја предаде потврдата и го одбила неговото барање за државјанство.

Либанецот тврдеше дека и ветил на сопругата дека нема да се ракува со друга жена.

Маркетинг