23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: Уште колку пари треба да фалат во благајната за Лидија Димова да си даде оставка?

Огромна е ароганцијата и дрскоста кај функционерите на СДСМ, кои преку медиумите неколку денови ги замајуваат граѓаните, дали треба Лидија Димова да си даде оставка од функцијата директор на агенцијата или не треба да си даде, рече на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Сето ова се прави медиумски за да се дефокусира јавноста од криминалот кој што се случувал во агенцијата. Се уште никој нема отворено случај, се уште не е влезено Јавното обвинителство, се уште државниот завод за ревизија нема влезено да направи ревизија на работењето и најважното, се уште Лидија Димова е на функцијата директор на Националната агенција“, посочи Арсовски.

Портпаролот јавно запраша уште колку пари треба да фалат во благајната за да си даде оставка Лидија Димова.

„Таа и натаму не го објавува рангирањето на проектите, односно бодувањето на проектите, кој проект колку бодови имал на рангирањето во Агенцијата. Тука вклучително говориме за оние проекти на фризерницата која што доби над 270.000 евра. Се уште братот на пратеникот од СДСМ, Диме Велковски не го објавува јавно финалниот извештај кој што го побаравме и ние и граѓаните, да го објави од проектите за магариња и сирење, на кој начин и каде завршиле над 200.000 евра“, нагласи Арсовски и запраша зошто Зоран Заев се плаши да ја смени Лидија Димова од позицијата директор на Националната агенција.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ рече и дека Владата треба да одговори дали парите од дел од проектите завршувале кај блиски луѓе од СДСМ, наменети за предизборната кампања на партијата.