Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Здравков: Ќе понесе ли некој одговорност за оваа несериозност во образованието?

Нефункционална национална платформа, ученици оставени сами на себе, професори кои се соочуваат со непознавање на системот – вака изгледа нашето образование три недели после почетокот на школската година, рече во изјава за медиумите Љубе Здравков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Скапата платформа се‘ уште не е потполно функционална, а наставниците беа ставени пред свршен чин за краток период да се снаоѓаат како да ја одржуваат онлајн наставата“, истакна претставникот на опозициската партија.

Здравков посочи дека проблемите со текот на времето се наталожуваат, а предупреди дека истите ќе ескалираат при првото оценување и проверка на знаењето кај учениците.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ЖЕШТИНА, ПА НЕВРЕМЕ: Македонија ја чека нестабилен период со пад на температурите

ДЕСК

ГРАДОТ ГОРИ, А СЕНКА НЕМА: Летото ги открива сите урбани промашувања

ДЕСК

Јавниот долг во фокусот на собраниска работилница

ДЕСК