Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ повика на нови протести: „Стоп за злоупотреба на европските пари“

ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните утре да излезат на протест против злоупотребата на европските пари.

Протестот ќе почне во 18.30 часот од пред Министерството за правда.

„Веќе три години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а ЈО и финансиската полиција молчат. Се молчи за скандалот каде 270 000 евра беа доделени на фризерница од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Се молчи и за скандалот каде се доделени 83.000 милиони евра за тренирање на хрватско магаре. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓаните утре 16.10.2020 од 18:30 часот на протест од Министерство за правда до Секретаријат за европски прaшања и да се стави стоп за злоупотреба на европските пари“, соопшти партијата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК