10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска го посети Домот „11 Октомври“, кој прераснува во современ центар за социјални услуги

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска го посети Детскиот дом „11 Октомври“, кој со процесот на деинституционализација го промени начинот на грижа за децата без родители и родителска грижа од институционален во грижа заснована на групни домови во заедницата.

Целта на денешната посета на министерката Шахпаска беше увид во активностите за пренамена на овој објект. Во дел од објектот се подготвуваат да почнат со работа центар за поддршка на згрижувачки семејства и центар за мајки и деца, кој во претходниот период се реновира во соработка со УНИЦЕФ, а со финансиска поддршка на британската амбасада.

Истовремено, беа разгледани и просторните можности што ги нуди објектот за развивање нов сет социјални услуги, како поддршка на процесот на деинституционализација, а со цел нејзино успешно спроведување.

Во него веќе функционира една од пилот-комисиите за функционална процена на способностите и попреченоста на децата во согласност со методологијата (МКФ) препорачана од Светската здравствена организација.

„Деинституционализацијата не значи само преселба на корисниците од резиденцијалните институции во згрижувачки семејства или групни домови во заедницата. Тоа е првиот мошне важен чекор. Сега пред нас е предизвикот да ги пренамениме објектите во кои порано живееја корисници и да понудиме нови социјални услуги за граѓаните“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: