Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Убиство во Прилеп, друг тешко повреден- полицијата приведе шест лица

На 14.10.2020 во 20.38 часот во СВР Битола било пријавено дека во населба „Тризла“ во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе лица. Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека настанала физичка пресметка помеѓу две групи и со повреди од остар предмет се здобил Е.Б.(31) од Прилеп, констатирани во Општа болница Прилеп, додека едно лице не давало знаци на живот. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт кај Т.Б.(42) од Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Во врска со настанот во полициска станица биле приведени М.Л.(39), Џ.Л.(54), С.А.(23), М.А.(25), Ш.А.(35) и С.К.(20), сите од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. При интервенцијата, полициски службеник пукал двапати во воздух за да ги спречи лицата во понатамошната пресметка.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК