Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Царовска, Битиќи и Бектеши на состанок на работна група: Со паметна специјализација создаваме инклузивна и одржлива економија

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за економија, Крешник Бектеши, и претставници на Германското друштво за интернационална соработка одржаа состанок на работната група за развој на стратегија за паметната специјализација којашто има за цел да создаде инклузивна и одржлива економија во земјава.

Паметната специјализација претставува пристап на интегрирана економска трансформација која се базира на специјализација, односно на искористување на постојните потенцијали во економијата (бизнисот), иновациите и науката. Имплементирањето на овој процес подразбира развивање стратегии за образование и развој на вештини и за иновации коишто треба да се прилагодат на реалните потреби на пазарот на трудот, но и на конкурентноста и на регионалниот развој.

Развојот на оваа стратегија во која се вклучени сите важни партнери како државните институции, претпријатија, како и научните институции, треба да ги дефинира областите на кои државата ќе ги насочи своите иновации кои се од суштинско значење за создавање одржлив развој на земјата и поголем просперитет на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК