Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Македонската горанска заедница

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Македонската горанска заедница од Косово во состав: Авнија Рахте, претседател на заедницата, придружуван од Кенан Скендароски и Аце Димоски.

Претставниците на Македонската горанска заедница го информираа претседателот Пендаровски за нивните активности за заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски и историски идентитет, континиуитет и наследство на Македонците во Косово.

Претседателот Пендаровски ги поздрави активностите на Македонската горанска заедница насочени кон градење на врски меѓу Северна Македонија и Косово, заложбите за придонес кон градењето на мултиетничко и мултикултурно општество преку различните иницијативи за афирмација на македонската заедница во Косово.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди во следниве 10 години

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК