Centar.mk
ЛОКАЛНО

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги користат алтернативните рути при своето движење со возила кон излезот од Скопје во источен правец, по булеварот Александар Македонски

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги користат алтернативните рути при своето движење со возила кон излезот од Скопје во источен правец, по булеварот Александар Македонски.

Ги замолуваме учесниците во сообраќајот да ја користат скопската обиколница преку излезите во Визбегово (Качанички пат), клучката кај Мирковци и клучката по новоизградениот булевар Христијан Тодоровски Карпош, како и паралелните улици 808 (кај фабриките „Европа“ и „Скопска пивара“), крстосницата на булеварот Киро Глигоров, завртување по улицата Перо Наков (кај „Металски завод“ и „Електроелемент“), вклучување на улица Благоја Стефковски и потоа користење на правецот за Куманово од кај СЦ „Хиподром“ и кон Велес преку Идризово.

Градот Скопје уште еднаш апелира до граѓаните да бидат трпеливи и да ги почитуваат новонастанатите услови на патот, како и посебните сообраќајни режими со кои се регулира сообраќајот за време на реконструкцијата на фреквентниот булевар Александар Македонски.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело Скопје

ДЕСК

Герасимовски: 36 хористи од „Кочо Рацин“ наградени за триумфот во Херцег Нови, Центар пее гордо!

ДЕСК

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

ДЕСК