Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски се сретна со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одржа работна средба со амбасадорката на Швајцарската конфедерација Н.Е., Сибил Сутер Тејада.

На средбата беа потврдени пријателските односи и довербата помеѓу двете држави, како и поддршката од Швајцарската конфедерација во изминатиов период, во голем број области од заемен интерес.

Двајцата соговорници разговараа за тековните проекти кои се дел од соработката од областа на безбедноста, како и за можностите за продлабочување на меѓусебната соработка, особено во полето на борбата против нелегалната миграција, преку потпишување билатерален договор за партнерство.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК