Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пaрламентарци од Албанија на средба со Џафери: Потребни се повеќе албански инвестиции во Северна Македонија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска имаше средба со мешана делегација од Албанија, во чиј состав покрај пратеници во албанскиот парламент, беа и градоначалникот на Општина Прењас, Нури Белба и бизнисменот Ѓерѓ Луца.

Како што информираат од кабинетот на Џафери, разговорот се одвивал во насока на взаемно споделување на искуствата од работата на двата законодавни дома и за начинот на прилагодување на работата на истите во време на пандемија.

Предводникот на албанската делегација, пратеникот Таулант Бала истакнал дека обемот на албански инвестиции во Северна Македонија е мал и ги претставил градоначалникот на Прењас и бизнисменот Луца, за кој посочил дека е отворен за нови соработки.

Џафери потврдил дека улогата на политиката е да создаде услови за непречено движење на луѓето, стоките и капиталот, за крајно да имаат подобар живот граѓаните на двете земји.

Соговорниците споделиле и размислувања и надежи во насока на непречено одржување на меѓувладините конференции на Европската комисија со Македонија и Албанија, при што посочиле дека од суштинско значење е да се искористи моментумот за време на актуелното германското претседателство.

Можеби ќе ве интересира

Скопје во црно: Во тешка несреќа загина 18 годишно момче

ДЕСК

Петрушевски со сериозни обвинувања: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Синоптичарите со повеќедневна прогноза за времето

ДЕСК