Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 255 возачи вчера во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 255 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 58 прекршоци, 13 технички неисправни и нерегистрирани возила и 4 мотоциклисти. Изречени се 86 мерки за непрописно паркирање и 68 возила подигнати со „пајак“, 25 санкционирани пешаци и 26 казни за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Од утре стартува „Безбеден град“, МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила

ДЕСК

Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието

ДЕСК

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени

ДЕСК