Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Демократскиот сојуз: На странските државјани не треба да им се дозволува влез без ПЦР-тест

Демократскиот сојуз укажува на потребата рестриктивните мерки за спречување ширење на коронавирусот да се усогласат со мерките на Европската Унија (градирање на државите и регионите во црвена, портокалова и зелена зона). Во оваа насока партијата смета дека влез на странски државјани во земјата треба да се дозволува само со ПЦР-тест доколку тоа го бараат и земјите членки на ЕУ.

„ДС е за слободно движење на луѓето и капиталот, но во услови на пандемија државата мора да презема мерки и на границата при влез на наши и странски државјани (мерење температура, ПЦР-тестови и слично). Поради високиот процент на инфицирани од Ковид-19, неопходни се дополнителни заштитни мерки и во внатрешноста на државата, како и почитување на препораките на здравствените власти и одржливи мерки за функционирање на здравствениот систем“, велат од Демократскиот сојуз.

Во превентивните мерки, како што додаваат, треба да се вклучат и поличките партии, верските заедници, училиштата, компаниите, како и сите државни институции.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК