12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полициски извештај за 12.10.2020

На 11.10.2020 во 10.40 часот на место викано „Дабче“, во атар на с.Мренога, од полициски службеници биле затекнати во криволов Ј.Е.(45) од с.Жван, А.Ј.(48) од с.Вардино, М.К.(51) и З.Д.(52) од Демир Хисар. Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар против лицата ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по чл.228 од Кривичниот законик.

На 11.10.2020 во 14.45 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода М.С.(21) и Ј.А.(20), двајцата од с.Горна Бањица, гостиварско, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок

На 11.10.2020 во 18.00 часот во Полициско одделение Велушница-Битола, А.С.(41) од с.Дрслајца, струшко, фудбалски судија, пријавил дека околу 15.45 часот во с.Кравари, на фудбалски натпревар, бил физички нападнат од А.Р.(25) од Битола, Ј.Ќ.(23) и А.М.(32), двајцата од с.Грнчари, ресенско. Додека Ј.Ќ. пријавил дека додека бил во прекин фудбалскиот натпревар во с.Кравари, бил физички нападнат од Г.Л.(43) од Струга, помошник фудбалски судија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.10.2020 година околу 16.00 часот, во дебарското село Отишани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.К.(45) и А.С, (41), двајцата од истото село. Притоа, при претрес во домот на А.С., пронајден е и одземен пиштол, за кој не поседувал соодветна документација. По целосно расветлување на случајот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава.

На 11.10.2020 во 12.05 часот на магистралниот пат А2 се случила сообраќајна незгода во која А.Б.(22) од Скопје, управувајќи мотоцикл „јамаха“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метална ограда. По незгодата, А.Б. е пренесен во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.

На 11.10.2020 во 00.40 часот во Полициска станица Тетово, Б.А.(21), А.Џ.(23) и К.Ф.(26), сите од Тетово, пријавиле дека на 10.10.2020 околу 22.00 часот, пред угостителски објект на подрачје на Тетово, додека биле заедно со И.М.(21) од Тетово, биле физички нападнати со тврди предмети од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.10.2020 околу 16.00 часот на општинскиот пат на локалитетот „Бабуна“, на место викано „Трети вир“, малолетничка од Велес, управувајќи велосипед, изгубила контрола и паднала на коловозот. По незгодата, таа била пренесена во Општа болница Велес, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила увидна екипа на СВР Велес.

На 11.10.2020 во СВР Тетово е пријавено дека околу 09.00 часот во с.Чифлик, на место викано „Мејдан“, при вршење на градежни работи, пронајден е еден рачен ракетен фрлач 90 мм. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Тетово, а од страна на Дирекцијата за заштита и спасување истиот е безбедно подигнат.

На 11.10.2020 во 22.20 часот во СВР Скопје, М.С.(35) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот пред бензинска пумпа на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.10.2020 во 20.30 часот во СВР Скопје, А.А.(66) од с.Бадар пријавил дека околу 17.30 часот, пред продажен објект во с.Катланово, бил физички нападнат од неговиот син А.А. и три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.10.2020 околу 20.00 часот на подрачјето на Аеродром, наспроти „Мајчин дом“, бил лишен од слобода Т.Ј.(30) од Скопје, затоа што нападнал полициски службеници кои преземале мерки по пријава дека насилно се однесува и го крши инвентарот во продажен објект на истата локација, а за истиот било пријавено дека околу 19.50 часот физички ја нападнал и А.Т.(50) од Скопје. Пријавениот е предаден на полициски службеници од Полициска станица Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.10.2020 во 03.31 часот во СВР Штип било пријавено дека во близина на автобуската станица во Штип, И.С.(19) од Кочани бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.10.2020 во 19.10 часот во СВР Тетово, Г.С.(60) од Тетово пријавил дека во населба Поток бил каснат од куче скитник.

На 11.10.2020 околу 22.10 часот во СВР Скопје бил приведен Е.Г.(37) од Скопје, бидејќи почнал да се однесува агресивно и упатувал навреди кон полициски службеник кој извршувал службени дејства. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.10.2020 во 21.10 часот во Полициско одделение Групчин, З.С.(55) од с.Стримница пријавил дека неговата ќерка Г.С.(35) од с.Стримница се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 12.10.2020 во 01.20 часот во СВР Тетово, В.Ј.(37) од с.Брвеница пријавил дека околу 00.30 часот во с.Брвеница неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Б.(25) од с.Брвеница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.10.2020 околу 22.00 часот пред обложувалница на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен Е.С.(35) од Скопје, бидејќи се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. Е.С. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка.