18.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

(ФОТО) За прв пат по 40 години се чисти Црн Дрим – “Ќе си го направиме како шо личит”

По четириесетина години се чисти коритото на реката Црн Дрим во Струга.

– Стварно на почеток изгледа грдо…
Последен пат бил чистен во 80-тите години на минатиот век…пред 40-тина години…
Кејот има 13 “коцки” по 30 см, значи длабочина од 3.90 метри…
Затоа, ќе си го направиме како “шо личит”…
Зш Струга е најлична!, напиша Јован Митревски од СДСМ.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=3424560274247591&id=100000809552860&__cft__[0]=AZXtq5mDCeSWbOVTMo0pwkkCvIP2_vFwsVxwFnQ0uYwx-mY7NvmkmGvogdnJrNk89s7JlqkUMU4p6i2TqrJLP2UVtu-g1reHCKp3Lm8W5yW0L1nHmVOx4ZgJmNfKXwhJptQ&__tn__=%2CO%2CP-R

Иако соочени со предизвиците на пандемијата, СДСМ напорно работи на терен со цел да ги подобри условите на граѓаните на централно и локално ниво, соопштија од СДСМ Струга.

– Имајќи во предвид дека е едно многу тешко време за сите нас, сепак се трудиме работите да течат што е можно по нормално и континуирано.

СДСМ Струга постојано работи на терен и преку разни канали комуницира со граѓаните и се трудиме да ги решаваме проблемите еден по еден.

Во изминатиот период за прв пат после многу години се започна со чистење на наталожениот материјал на испустот на реката Црн Дрим и речното корито во Струга.
Со чистењето ќе се подобри пропусната моќ на коритото и ќе се зголеми капацитетот на собирање на атмосферските води, ова ќе го намали ризикот од поплави.

Овој проект е финансиран од Европската унија, а го спроведува УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Откако ќе се заврши со чистење на устието на Дрим каде за промена ќе се овозможат услови за развој на бродскиот сообраќај се продолжува со чистење по течението на реката Црн Дрим.

Вкупната должина на делот кој ќе се чисти е 765 метри. Според направените анализи, проценетата количина на депониран нанос е приближно 14 000 метри кубни кои придонесуваат за намалување на капацитетот на протокот, нееднаква дистрибуција на брзината и можност за натамошно таложење и предизвикува голем ризик од поплавување на населените места.

Овој проект е резултат на заеднички напори на Општина Струга, Министерството за животна средина и просторно планирање , АД ЕЛЕМ и АД Водостопанство.

За да се заврши овој крупен зафат силна поддршка и разбирање дадоа туристичките субјекти и граѓаните за што сакаме да се заблагодариме. Посебна благодарност до ЕЛЕМ, кои во интерес на проектот подолг период го прилагодуваат нивото на водата и производството на електрична енергија според потребите на зафатот.

Завршувањето на активностите во оваа фаза се очекува до крајот на октомври оваа година, велат од СДСМ Струга.

 

https://www.facebook.com/struga.sdsm/posts/3486190848161648?__cft__[0]=AZX9P_pvj5s3q66Fh2Vv7pAgW-xkAWnN_LFW5BQwqPZ50ttatl0-CY84DyYME7qXZbbox4rLyGp0BpzKEb5COQEXUFc_VPUkCHUAPfzEa_N-uQlB_vDtoZ9WeyDLSO6T_CIxHRBuxB3hhqxlatJmpXvhLAiYFLM72GTgDCC-VqgUua69zFbLfLN70X_idCqFFXU&__tn__=%2CO%2CP-R