8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Говорник на протестот на ВМРО-ДПМНЕ: Mе избркаа од работа затоа што напишав статус против власта

На вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ кој партијата го организираше против „неправдата, реваншизмот и политичкото насилство“, говореше Кире Михаилов од Струмица, кој посочи дека како еден во низата луѓе неистомисленици на оваа власт, поради тоа се нашол на улица.

„Се сеќавате на изјавата дека живи луѓе ќе јаделе? Е токму тоа ни се случува, секојдневно во секоја институција, на секое поле ни се случува. Работев во ЈП Македонски Шуми каде чесно и професионално си ја работев својата работа, работа од која ја издржував мојата фамилија. Меѓутоа замислете, избркан сум од работа заради една фејсбук објава и тоа во период кога бев на неплатено отсуство, т.е. не бев во работен однос. За една напишана реченица против власта. Може ли да замислите до кај може да им оди умот и што може да направат и на што се се подготвени. За која демократија ние зборуваме, слобода на говор, што беше тоа?“, запраша пред присутните Михаилов.

Тој посочи дека целта на Заев е неговите неистомисленици да се откажат и да избегаат од државата, но нагласи и оти нема да се случи.

„Јас лично ќе се борам за Македонија затоа што сум Македонец и затоа што си ја сакам Република Македонија. На ова насилие, раваншизам и терор мора да му се стави крај. И ќе му ставиме крај“, порача Михаилов.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК