Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сите пратеници да го поддржат Законот за спречување и заштита од дискриминација, тој е во интерес на сите граѓани

Прес-конференција, Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ и пратеничка

Почитувани,

Во собраниска процедура влегува Предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Ова законско решение ќе обезбеди ефикасна регулатива која воведува принципи на еднаквост и ефикасна заштитата од секаков вид на дискриминација.

Новиот Закон е целосно усогласен со правото на ЕУ и меѓународните стандарди и за него е добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија, како и од сите граѓански организации кои работат во оваа област.

Со него, се прошируваат основите, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација.

Преку новиот Закон се зајакнува и капацитетот на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, а нејзините надлежности се прошируваат во насока на превенција.

Критериумите за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација гарантираат дека во ова тело ќе бидат поставени професионалци, на кои основната грижа ќе им биде заштитата на граѓаните.

Почитувани,

Предлог законот за спречување и заштита од дискриминација, е важно законско решение кое во интерес на граѓаните, на иднината на нашата држава, но и на целокупното општество.

Затоа, ги повикуваме пратениците од сите политички партии во Собранието да застанат зад овој предлог, да добиеме ново ефикасно законско решенија, кое ќе обезбеди целосна заштита од секаков вид на дискриминација.

Како парламентарно мнозинство остануваме посветени на интересите на сите категории граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза, доаѓа промена на времето – Детална прогноза за 2-ри март 2026

ДЕСК

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +