Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Камион удрил во мотоцикл и побегнал – жена тешко повредена

На 05.10.2020 во 18.25 часот на магистрален пат Кичево – Македонски Брод, во непосредна близина на крстосницата за с.Србјани, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки управувано од В.С.(51) од с.Јосифово,валандовско, кое продолжило со движење и мотоцикл „холдинг“ без регистарски ознаки, управуван од Д.С.П.(37) од с.Србјани, кичевско.

По преземени мерки товарното возило било пресретнато и вратено на местото на настанот,а во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.С.П. и била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Кичево.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК