Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Казнети 340 возачи во Скопје, од кои 130 за пречекорена брзина

За еден ден, полицијата казнила 340 возачи во Скопје, од кои 130 за пречекорена брзина.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, 4 октомври, продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 340 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 30 казни, за пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 130 возачи, а за технички неисправни и нерегистрирани возила казнето е 31 лице.

Казнети се и 35 мотоциклисти, изречени се 24 мерки за непрописно паркирање, а изречени се 25 казни за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

Предлог-законот за јавно обвинителство на јавна расправа

ДЕСК

ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО: Студена воздушна маса носи дожд и снег низ Македонија – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК