Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Видео од големата акција на МВР – има уапсени

На 24.09.2020 околу 15 часот, по претходно добиени оперативни сознанија на Единицата за недозволена трговија со дрога-СВР Скопје,во с.Визбегово, Скопје, извршени се претреси во дом и други простории на И. П. (38),при што во дворното место се пронајдени стебла од марихуана во осум саксии и други 12 стебла, од кои дел биле во помошните простории во фаза на сушење, а пронајдена е и мини лабараторија за производство на масло. При тоа затекнати се и други две лица од кои едното од нив П. В. (38), кој бил затекнат при обработка на марихуаната, како и Г.Ј. (39). Потоа се извршени претреси во домот на Г.Ј.,при што е пронајдена марихуана подготвена за продажба, како и шприцеви полни со масло од канабис. Трите лица се приведени.

Можеби ќе ве интересира

Ако утре сабајле слушнете детонации во кругот на касарната “Еребино” не се вознемирувајте – ќе се уништуваат минско-експлозивни средства

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

ДЕСК

Законот за Советот на Законот за јавните обвинители го помина првото читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија во Собранието

ДЕСК