20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Германија претстави проект за европска мрежа на супербрзи железнички линии

Германскиот министер за транспорт, Андреас Шоер во Берлин го претстави планот за мрежа на супербрзи железнички линии меѓу европските градови, чија реализација треба да биде финансиски поддржана од Европската унија.

Шоер всушност има идеја да ја заживее „Транс-Јуроп-Експрес“, предлагајќи комбинација на супербрзи и ноќни возови со кои повторно би се воспоставила железничката врска помеѓу поголемите градови во западна Европа, затворена во 1987 година, пишува „Ди Цајт“.

Во првата фаза, „Транс-Јуроп-Експрес“ (ТЕЕ) би ги поврзала Берлин и Барселона преку Лион, со проценето време на патување од 13 часа. Мрежата би вклучувала и директни врски помеѓу Амстердам и Рим и меѓу Париз и Варшава.

Првата фаза од планот нема да бара значителни подобрувања во инфраструктурата.

Втората фаза ќе ја поврзе јужна Германија со дестинации во источна и јужна Европа и со скандинавските градови, а ќе подразбира финализирање на големи железнички проекти, објасни германскиот министер.

Тој наведе примери како проектот за изградба на железничкото јадро Штутгарт 21, изградбата на тунел под Балтичко Море што ќе ги поврзува Германија и Данска и тунелот „Бренер Бејс“ во Алпите, на границата меѓу Австрија и Италија.

Мрежата треба да биде воспоставена до 2025 година, а германскиот министер предлага и Европската унија да креира програми за финансирање за да ги олесни инвестициите и набавките на железничките компании.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СЕ ИСПОЛНУВА СОНОТ НА СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ОД БАЛКАНОТ: Германија планира да го олесни процесот за добивање државјанство

CENTAR MKD

Мерц: Социјален туризам на Украинците во Германија

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Османи – Хофрајтер: Германија е клучен политички партнер на Македонија

M T

Предупредување за жителите во Германија, бил објавен список на залихи поради опасност од прекин на струја

M T

Москва: Германија ги помина црвените линии, не требаше

M T