22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи – Брегу: Регионалната соработка е клучна за успех

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, оствари средба со генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу, како дел од нејзината работна посета на земјата.

Османи ја запозна генералната секретарка со приоритетите на надворешната политика на земјата, потенцирајќи ги стабилното и долгорочно пријателство, како ново поглавје во односите со сите соседи; активниот придонес кон мултилатерализмот и регионалните иницијативи за дебалканизација на регионот, како и европските перспективи на земјава како три клучни приоритети, кои претставуваат заеднички интерес на Република Северна Македонија и Советот за регионална соработка.

„Покрај многуте проекти и иницијативи, ги претставив нашите амбиции за отворање до шест нови гранични премини со соседите, како инструмент за поголема и олеснета комуникација во регионот; ја потенцирав нашата иницијатива за отворање на Регионален центар за дијалог – Преспа форум – платформа за промоција на добрососедство и решавање на билатералните прашања, но и форум од каде очекувам да произлезат и нови, автентични иницијативи за регионална соработка.“, посочи Османи.

Посебен акцент на средбата беше ставен на предизвиците и потенцијалите од претстојниот Софиски самит во рамки на заедничкото претседателство на Република Северна Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес.

„Токму активностите, резултатите и успехот на иницијативите од Берлинскиот процес се во насока на зајакната регионална кохезија и изградба на мостови за соработка за кои веќе неколкупати зборував претходно. Ова не се само декларативни заложби, туку конкретни активности од кои треба да имаат корист граѓаните на целиот регион“, истакна Османи, посочувајќи на повеќегодишната рамка за регионална и економска соработка МАП – РЕА – 2, која предвидува: унапредување на дигиталната инфраструктура и поврзување на земјите од регионот; слободен проток на трговијата и капиталот; поддржување на иновациите и претприемништвото, како и вложување во активностите за задржување и привлекување на талентите во земјите од регионот.

Од страна на ГС Брегу беше изразена убеденост и подготвеност дека и Советот за регионална соработка ќе ги стави сите капацитети во функција на успешност на Софискиот самит согласувајќи се дека тоа ќе претставува и успех на целиот регион, па и понатаму, успех на европската идеја на Балканот.

Соговорниците се согласија дека преку заедничката инвестиција во овие процеси ќе значи зајакнато поврзување, соработка, економски напредок, и со тоа, исклучително позитивно ќе влијаат на зголемување на довербата и меѓу државите и меѓу граѓаните од регионот.

Можеби ќе ве интересира

Османи во Собрание ги претстави приоритетите на претседавањето со ОБСЕ

M T

Oсмани-Рикер: Ангажманот на САД во Западен Балкан е гаранција за стабилност и напредок

M T

Средба Османи – Касулидес

M T

Османи-Рибеиро: Разменети мислења за состојбата со медиумските слободи во регионот на ОБСЕ

M T

Османи – Хофрајтер: Германија е клучен политички партнер на Македонија

M T

Османи во Виена ги претстави приоритетите за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година

M T