Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Горивата поскапуваат – Ова се новите цени на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика одлучи малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ да поскапат за 2 денари по литар, во однос на цените утврдени минатата недела и со тоа цената на еуросупер БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека еуросупер БС-98 ќе се продава за 62,50 ден/лит.

Цените на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, па така еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 49,50 ден/лит, а цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 49,50 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ПАРИ ЗА ЛИЦАТА КОИ ПРИМААТ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК

Телеком влегува во партнерство со Министерството за дигитална трансформација и Британскиот совет за „Училишта на 21 век“

ДЕСК

Објавена листа со имиња на фирми и луѓе: Кој колку должи за данок кон државата?

ДЕСК