6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За еден ден казнети 346 возачи во Скопје, 150 од нив возеле пребрзо

Во текот на вчерашниот ден (20 септември) полицијата продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Така на територијата на Скопје, за 24 часа изречени се вкупно 346 санкции, од кои за возење без возачка дозвола за 17 лица, за пречекорување на брзината за 150 возачи, за нерегистрирани возила за 24 лица, 28 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотоцикли, 54 мерки за непрописно паркирани возила и 29 возила подигнати со пајак, а изречени се и 48 санкции за неносење на заштитна маска.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за поголема безбедност во сообраќајот.

Спонзорирано: